ДАРУВАМЕ ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ

Даруваме љубов и внимание за Осми март


Во Домот за пензионери во Охрид , за Осми март – денот на жената беа собрани пензионерки, наши баби, наши драги ликови.
 
Со нашите учителки отидовме да ги видиме, да им кажеме и покажеме нешто што е подготвено токму за нив и нивниот ден.













Со нашето влегување во просторијата, се беше поинаку. Просторот беше исполнет со насмевки, топли, мајчински зборови за нас, со прегратки, со воодоошевување.
 
А ние? Бевме горди, силни. Едноставно ни беше убаво што се наоѓаме тука заедно со нив. И почнавме:
 
Се разлеа песната: "Билјана платно белеше…"Ние , облечени и накитени се разлеавме по просторот како водата во езерото. Игравме, пеевме. Импресивната глетка ја матеше по некоја солза во очите на нашите бабички. Плачеа од среќа. Ја доигравме играта. Следеше силен аплауз.
 
Имаме уште нешто за Вас. Продолживме. Рецитиравме стихотворби, пеевме песнички, им ги покажувавме цртежи за нив нацртани…
 
Ги гушнавме топло, искрено, детски, силно. Им дадовме по една честитка, за нив направена и за нивниот ден. Се чудеа колку се убави и оригинални. Ги разгледуваа, коментираа и бараа да им дадеме по уште некоја.  Вака правиме и ние ,децата. Ни заличеа на нас со своето однесување. Токму заради тоа, ние ги сакаме многу, многу…

Уште еднаш сите заедно им го честитавме празникот, им посакавме добро здравје, долг живот, ги поканивме кај нас на гости и посакавме пак вгодина да бидеме заедно и да ни биде убаво!